• петок, 22 ноември 2024

Кошаркарската Евролига овој месец одлучува за проектот „Дубаи“

Кошаркарската Евролига овој месец одлучува за проектот „Дубаи“

Барселона, 6 март 2023 (МИА) – Бордот на Евролигата кон средината на овој месец ќе одржи состанок на кој ќе донесе одлука дали кошаркарскиот клуб Дубаи ќе биде вклучен во најквалитетното европско клупско кошаркарско натпреварување, објави денеска шпанскиот весник „Мундо депортиво“.

Весникот наведува дека пред Евролигата е „еден од најважните моменти во историјата на натпреварувањето кое почна пред 23 години“.

Сопствениците на лиценцата ќе мораат да одлучат дали ќе дадат одобрување за соработка со Дубаи, кој нуди 150 милиони евра за шестгодишен период, а за возврат бара вклучување на тим во натпреварувањето, како и организација на фајналфор турнирите во 2025 и 2029 година.

Бордот на Евролигата е составен од претставници на 13 европски клубови (Барселона, Реал Мадрид, Олимпијакос, Басконија, Панатинаикос, Ефес, Фенербахче, Макаби, Жалгирис, Армани, ЦСКА, Баерн и Асвел), додека на чело на проектот „Дубаи“ е сопственикот на истоимениот кошаркарски клуб Абдулах Ал Набудах. Во негово име голем дел од преговорите со Евролигата ги водат српскиот кошаркарски тренер Дејан Камењашевиќ и Ѓорѓе Ѓоковиќ, брат на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. ег/сд/

Остани поврзан