• петок, 05 декември 2025

Кошаркарките на Баскет кам на чекор до одбрана на титулата

Кошаркарките на Баскет кам на чекор до одбрана на титулата

 

Скопје, 18 мај 2025 (МИА) – Кошаркарките на Баскет кам се на чекор до одбрана на титулата, откако триумфираа синоќа над Крива паланка со 87-74 и поведоа со 2-0 во финалната серија до три победи.

До вториот триумф Баскет кам го предводеше Ивана Кметовска, која реализираше 33. поени. Адамовска додаде 19, а двоцифрен ефект имаа и Максимовска (17 поени) и Димова (14).

Робинсон со 26. поени и Меклејни со 20 поени беа најефикасни кошаркарки во редовите на Крива Паланка.

Третиот натпревар од финалната серија ќе се игра на теренот на Крива Паланка. ег

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан