Кошаркарите на Ангели од Кисела Вода го потврдија првото место во Втора лига - Исток
- Со последниот одигран натпревар на домашен терен, тимот на Ангели од скопската општина Кисела Вода уште еднаш покажа дека е најдобар во Втората лига - Исток.
Скопје, 21 декември 2020 (МИА) - Со последниот одигран натпревар на домашен терен, тимот на Ангели од скопската општина Кисела Вода уште еднаш покажа дека е најдобар во Втората лига - Исток.
Ангели и по седум одиграни натпревари останаа единствените непобедливи во лигата.
Викендот во спортската сала „Независна Македонија“, во рамки на деветтото коло, совладан е Ролинг 08 од Струмица со 115:58.
На лидерската позиција Ангели имаат 14 бода пред Борец Баскет со 13.
Во Западната дивизија води Хераклеа со 16 бода, пред Охрид и Тетекс со по 12 бода. зс/