Котлар Трајкова: Во Центар ќе направиме иновативен парк за млади
- Во Центар ќе направиме иновативен парк за млади и ќе ги поддржиме младите и креативни луѓе, најави Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 5 октомври 2021 (МИА) - Во Центар ќе направиме иновативен парк за млади и ќе ги поддржиме младите и креативни луѓе, најави Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.
Иновативниот парк, појасни Котлар Трајкова, ќе биде наменет за младите луѓе, претприемачи кои што имаат иновативни и старт – ап компании и кои се поврзани со своите креативни идеи на современиот пазар.
- Притоа просторот ќе им биде изнајмен во тек на три години без да плаќаат надомест, а ќе го плаќа Општина Центар. Овој начин на работење го иницираме за да може младите луѓе со своите иновативни и креативни идеи да се поврзат со научната сфера, работниот процес, бизнисот и со други фактори во бизнисот за да можат да развиваат современи технологии, но исто така да имаат и апликативни проекти, изјави Котлар Трајкова.
На тој начин, посочи таа, тие не само што ќе се поврзуваат со заедницата во својата земја, тие ќе бидат поврзани регионално и пошироко. аа/лв/