• сабота, 23 ноември 2024

Костовски: СДСМ нема да дозволи 27 април да се заборави, ниту да се повтори

Костовски: СДСМ нема да дозволи 27 април да се заборави, ниту да се повтори
Скопје, 28 април 2021 После 27 април и сите судски разрешници се очекуваше да се направи една катарза на македонското општество, не на партиска и политичка основа, туку граѓаните да биде освестени дека еден таков чин, што го направи една политичка партија не смее веќе никогаш да се повтори, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Тој нагласи дека СДСМ како партија нема дозволи 27 април да се заборави, ни да се повтори, ниту таквиот начин на поведение на изманипулирани луѓе да се нарекува бранење на Устав. Вистината е дека вооружени, организирани луѓе посегнаа по животите на пратениците, новинарите вработените во собраниските служби, истакна Костовски, додавајќи дека срамотно и нечовечно е да ги гледаш сликите, на пратеници со раскрвавени глави, и да кажеш дека ова е бранење на устав. Костовски истакна дека нема никаква реформа во ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните гледаат исти политики, исти луѓе, исти наратив, исти ветувања. Не го осудија криминалот, не се оградија од криминалецот Груевски и да и покажат на јавноста дека ова ВМРО-ДПМНЕ е различно и го осудува 11 годишниот режим, истакна Костовски. Тој додаде дека СДСМ шест пати по ред го победува ВМРО-ДПМНЕ на избори. За жал, со протестот на ВМРО-ДПМНЕ, се вадат духови од минатото, не ја научивме лекцијата како не треба, да и дадеме шанса на правната држава да го има последниот збор, рече Костовски. Не смееме да се враќаме во некои минати мрачни времиња својствени за режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Северна Македонија има светла иднина, но мора да ја издигнеме политиката на едно повисоко ниво, а не да останеме заковани на статус кво, истакна Костовски. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан