• понеделник, 17 март 2025

Костова: Судството не смее да биде на ниедна партија, правдата не смее да зависи од волјата на власта

Костова: Судството не смее да биде на ниедна партија, правдата не смее да зависи од волјата на власта

Скопје, 15 март 2025

Потпретседателката на СДСМ Кристина Костова, во дебатната емисија „Стадион“ на радио Канал 77 истакна дека во судството треба да се случат вистински реформи.

Овој начин, на којшто се одвидаат работите е комплетно погрешен, затоа што велиме дека ако сакаме сите да заеднички да придонесеме како општествени чинителии, за позитивни промени тогаш треба тие промени да бидат коренити, суштински, темелни, а гледаме дека она што се случува е удар врз правосудниот систем, на некој начин е упад во судскиот систем, затоа што е спротивен на препораките на оценската мисија, кои не предвидуваат партизација на судството, нагласи Костова.

Костова истакна дека многу се зборува за реформска агенда, која беше подготвена и владата се согласи да ја спроведе. 

Со неа не само што ни се отвраат вратите кон ЕУ, затоа што сега гледаме дека и тој пат ни е стопиран, значи дека ако се применат сите нешта кои се  во неа, во тој случај како граѓани ќе имаме бенефит и конечно ќе можеме да зборуваме за почетоци на она што значи вистинско осамостојување на судството, рече Костова, додавајќи дека јуни е рок за изгласување на тие промени, а членовите на судскиот совет треба да бидат избрани кога ќе се донесат тие промени, согласно реформската агенда.

Костова нагласи дека со интерпелациите на пет члена на судскиот совет се прави преседан, со кој се врши притисок, а дополнителен пристисок се и најавите за собирање на улица, вршење притисок пред јавноста.

ВРМО-ДПМНЕ е девет месеци сте власт, не е опозиција да излегува на улица, туку треба да преземе конкретни мерки, судството не смее да биде на ниедна партија, правдата не смее да зависи од волјата на власта, рече Костова.

Таа додаде дека со бруталните притисоци ВМРО-ДПМНЕ сака да ја омаловажи важноста на избор на сопруга на градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за судијка, да ја омаловажи важноста на избор на братучед на Изет Меџити за судија.

Дали ви е целта Судскиот совет да биде срушен на ваков неуставен начин, за потоа да бидат на удар и сите други судии коишто не ви се по волја. Сето ова се случува во еден контекст во кој излегуваат многу скандали, кои не можете да ги избегнете, сакате да си ги покриете скандалите со тоа што ќе обидете на овој начин да правите практично узурпација на правосудната власт, иако судската власт, согласно уставот, треба да е независна, порача потпретседателката на СДСМ Кристина Костова.

Костова истакна дека власта сака да си избере синдикат којшто му е по мерка, односно ги исполнува критериумите на ВМРО-ДПМНЕ и вкусовите на Мицкоски.

Истиот тој синдикат, со којшто пред помалку од 12 месеци и преговараа и се договораа и заедно поднесуваа закони и даваа поддршка за нивните барања, сега наеднаш тој синдикат не чини, треба да биде некој друг синдикат и не само што синдикатот не им одговара, не им одговара ниту методологијата за пресметувањето на потрошувачката, рече Костова.

Костова нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено на сé, но не е подготвено на граѓаните да им помогне малку од малку да се подобри животниот стандард, да се покачат платите.

Цените се покачуваат, три минимални плати му се потребни на едно семејство да ги покрие основните трошоците. 500 евра минимална плата е чист минум со кој можеби граѓаните ќе успеат да врзат крај со крај, рече Костова.

Освен минималната плата, Владата треба проактивно да учествува со конкретни мерки и да ги прифаќа оние мерки кои ги даваме за покачување на платите и во приватниот секотр. Тоа се добри предлози, со кои може 585 милиони евра за 1 година да се слеат во џебовите на граѓаните, со просечно зголемување на платите од 7.500 денари по вработен, нагласи Костова.

Таа додаде дека со тоа би се ублажило одлевањето на десетици милиони евра од граѓаните во касите на сиџирите маркети, за кои гледаме дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги штитат како бубреже во лој. 

Пари очигледно има, оваа Влада го изгласа историски највиоскиот и најголемиот буџет, дополнително се задолжуваат, рече потпретседателката на СДСМ Кристина Костова, во дебатната емисија „Стадион“ на радио Канал 77.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: СДСМ

Остани поврзан