• петок, 21 февруари 2025

Костова: ВМРО-ДПМНЕ никогаш немале политика волја да ги покачуваат платите и животниот стандард

Костова: ВМРО-ДПМНЕ никогаш немале политика волја да ги покачуваат платите и животниот стандард

Скопје, 14 февруари 2025 


Потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Клан дебата“ на Клан телевизија истакна дека бајковит приказ на состојбите постои само во соопштенијата на владеачката партија.
-Во реалноста граѓаните се затекнати од ценовно цунами, коешто ја потопува куповната моќ и шансите за минимум пристоен живот на граѓаните. Цените вртоглаво растат, животниот стандард на граѓаните драстично паѓа, платите не се покачуваат, гледаме дека тоа е така со месеци и нема ниту најава, Мицкоски се иззема од процесот на преговори помеѓу работодавачите и синдиактите иако е негова можеби основна обврска како премиер тој да биде главен медијатор и да покаже политичка волја за покачување на платите, рече Костова, додавајќи дека  Мицкоски седи со скрстени раце, се иззема од секоја лична и работна одговорност и им вели на граѓаните да ги следат цените на интернет, а притоа не помага никако да се намалат цените, тој е директен соучесник во покачувањето на цените.


Сега гледаме дека најавуваат примена на само една од мерките, која тие ја напаѓаа додека без во опозиција, а тоа е мерката поврзана со маржата. Она што го гледаме е дека се обидуваат на секој начин да избегаат од одговорноста, во изминатите десетина дена зборуваат и за методологијата според која се составува синдикалната кошничка. Мицкоски вели дека синдикалната кошничка требало да се прави по нова методологија и зборува дека присуството на сезонско овошје и инстант кафе било луксуз, ако зборува за минимална кошничка тогаш може и со леб и сол да преживееме? Небулози, истакна Костова.


Костова нагласи дека од ВМРО-ДПМНЕ се подготвени на секакви ненаучни небулози, подготвени се и личниот и професионалниот интегритет да си го погазат, само не се подготвени на граѓаните да им помогнат, затоа што никогаш немале политика волја да ги покачуваат платите и животниот стандард.


И за жал гледаме дека си ја задржале таа дпмневска матрица, тоа се истите тие коишто ја држеа минималната плата на 8-9.000 денари толку долго време, додека истуараа милијарди на стиропор и на лажен мермер. Во самиот избор на советници на Мицкоски гледаме дека продолжува дпмневската матрица, затоа како змија нозе толку време ги криеја советниците, тоа се истите кои што ќе го советуваат Мицкоски како кога немаме леб, да трошиме за чоколадо, нагласи потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Клан дебата“ на Клан телевизија.

Цените на храната во светот паѓаат, а само во Македонија растат. 13.000 граѓани живеат на раб на сиромаштија со 150 денари на ден. 20.000 граѓани живеат со минимачна плата, тоа значи дека неможе да си ги овозможат најосновните нешта кои се дел од синдикалната кошничка, нагласи потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Клан дебата“ на Клан телевизија.


Костова истакна дека граѓаните се доведени во ситуација да бираат дали да стават храна на маса за децата или да платат сметки за струја, за греење па дури и сметките од локланите претпријатија кои од 2021 секаде се качени.


Во секој опоштииа имаме различна ситуација, ама ако општината е водена од ДПМНЕ се качуваат и тоа значително цените на услугите, кои граѓаните ги добиваат. На пример во Прилеп комуналните услуги качени за 67% во изминатите три години, водата за пиење за 25%, градски превоз за 50%, данок на имот за 100%, поскап паркинг и покрај тоа што се обезбедени 90 мил денари во време на владата на СДСМ се уште нема изградено фабрика за рециклирање на отпад, нагласи Костова.
Таа посочи дека и состојбата во Штип е слична.


Во Штип цената на водата за пиење изнесувала 33,76 денари за време на владеење на СДСМ во 2021, сега 40,14 денари – 26 % покачување. Добиваме сметки од ЈП Исар и таму има неколку ставки на пример за канализација е покчаена за 16%, собирање смет за 120%, за зеленило, тоа малку што остана, е покачено за 200%. Ако една просечна сметка била 870 денари, сега за иста потрошувачка е 1398 денари месечно, во просек секое семејство за ЈП Исар издвојува годишно 100 евра повеќе. Заголемен е и данокот превод на имот, нагласи Костова, додавајќи дека се вадат пари од џебовите на граѓаните за да одат понатаму во трошење од дпмнејски институции.


Ние се водевме по максимата парите ги враќаме назад кај граѓаните и тоа беше на секој креативен начин овозможено, дали преку мерката МојДДВ, која беше добро прифатена од сите граѓани. Само во последната година од владеењето на СДСМ 663 милиони евра беа одвоени за последниот пакет антикризни мерки, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Клан дебата“ на Клан телевизија.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

 

 

Остани поврзан