• петок, 20 декември 2024

Костадинов: ЕУ е стратешка цел, со дела треба да покажеме колку ја сакаме татковината

Костадинов: ЕУ е стратешка цел, со дела треба да покажеме колку ја сакаме татковината

7 април 2023 

Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов при гостувањето во емисијата Трилинг на телевизија 24 истакна дека за отворање на Уставот и уставните измени, кои треба да следат поради една од најзначајните стратешки државни цели, а тоа е нашето интегрирање во ЕУ. Мора да има сериозен пристап од сите политички чинители во ова општество, а најмногу од најсериозните политички партии и луѓето што ги водат тие партии, рече Костадинов.-На тоа прашање сите треба да му пристапиме со висока општествена и колективна одговорност, бидејќи се работи за иднината на државата. Навистина се надевам дека секој еден нас ќе биде на висина на задачата, без разлика на партиските цели и интереси, нагласи Костадинов, додавајќи дека македонскиот модел за уставни измени значи да се следи констелацијата во која се наоѓаме и каде треба да се движиме понатаму.Костадинов истакна дека ова прашање, кое многу често е злоупотребено, е многу значајно и има далекусежни последици за иднината на оваа држава и треба да се решава на начин на кој граѓаните, како граѓани на една модерна европска земја го заслужуваатСе надевам дека сите ќе бидат вклучени и верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучи во процесот, бидејќи се работи за многу значајно прашање, за кое голем дел од македонскиот народ нема дилеми дека треба да се интегрираме. Апелирам уште еднаш до сите да се вклучат на начин што на пиедестал ќе ја стават сопствената и иднината на нашите сограѓани и дека сите заедно можеме да градиме иднина дома. Не постои поголем патриотизам од тоа нашата држава да ја развиваме дома и да обезбедуваме иднина и позитивен пример за нас и за генерациите после нас во татковината во која многу често се колнеме, но треба со дела да покажаме колку ја сакаме, порача потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов при гостувањето во емисијата Трилинг на телевизија 24.

СДСМ 

Центар за комуникации

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан