• петок, 20 јуни 2025

Костадиновски оствари работна средба со италијанскиот амбасадор Палминтери

Костадиновски оствари работна средба со италијанскиот амбасадор Палминтери

Скопје, 16 мај 2025 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари работна средба со Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во Република Северна Македонија. 

Како што соопшти Уставниот суд, Костадиновски го информирал амбасадорот Палминтери за предизвиците и актуелностите со кои се соочува Уставниот суд. 

На средбата било изразено заедничко задоволство од нивото на развој на билатералните односи, при што е договорено зајакнување на соработката помеѓу двата суда во наредниот период. мч/дма/

фото: Уставен суд

 

Остани поврзан