• вторник, 26 ноември 2024

Костадиновска Стојчевска: Уставните измени се потребни за членство во ЕУ, ДПМНЕ не сака да признае дека го имаме најдобриот предлог

Костадиновска Стојчевска: Уставните измени се потребни за членство во ЕУ, ДПМНЕ не сака да признае дека го имаме најдобриот предлог

13 декември 2023 

ДПМНЕ не сака да им го признае на своето членство дека уставните измени остануваат како обврска за членство во ЕУ и дека го имаме најдобриот можен предлог кој не може да се репреговара, рече потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, вечерва на Топ Тема на Телма Телевизија

-Европската комисија не рече дека ние сега ќе ги тргнеме уставните измени на страна. Не.Европската комисија вели дека треба да продолжите и да ги направите уставните измени за да продолжите со преговорите . Една обврска која не завршува со овој парламентарен состав и со оваа влада и е нешто што треба да се случи за ја оствариме стратешката цел за членство во ЕУ. Ако не се случи со овој парламентарен состав , ќе мора да се случи со следниот. ДПМНЕ не е искрена ниту пред граѓаните ниту пред своите членови, рече Стојчевска.


Се она што го ветија, го кажаа од ДПМНЕ, дека ќе можеле да репреговараат некој процес, дека ќе донесат подобар предлог падна во вода, додаде таа


-Не остана ниту еден висок политичар од европска земја кој не застана пред точно пред пратениците и да каже дека ова е најдобриот предлог кој го имаме. Ниту една од тезите на ВМРО-ДПМНЕ не се оствари, рече Костадиновска Стојчевска.


Таа посочи дека гласањето за технички премиер, претседател на Собрание и за членови на влада го прави македонското собрание.
Укинувањето на техничката влада , Костадиновска Стојчевска го нарече комплимент со оглед на тоа во какви услови беше донесена одлуката за нејзино воспоставување за време на 11 години времетраење на изборни нерегуларности .

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан