• сабота, 23 ноември 2024

Костадиновска-Стојчевска: Врските со Европа се зацврстуваат со новата Европската куќа отворена во Велес

Костадиновска-Стојчевска: Врските со Европа се зацврстуваат со новата Европската куќа отворена во Велес

Скопје, 20 јули 2023 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир во новоотворената Европска куќа во Велес присуствуваше на отворањето на изложбата „На работ на зборовите“, на галеријата „Акантус“, а под кураторство на Дијана Томиќ-Радевска.

Со отворањето на изложбата македонските уметници Оливер Мусовиќ, Славица Јанешлиева, Нехат Беќири, Александра Петрушевска Ристевска, Анета Попова и Стефан Младеновски, преку своите дела, со велешани ја споделија уметничката порака за моќта и поврзаноста на зборот, јазикот и комуникацијата.

- Новата петта по ред Европската куќа, е нов дом за велешани и за сите оние коишто веруваат во значењето на дијалогот и размената на идеи, за сите кои со гордост ја негуваат својата култура и традиции и кои го споделуваат идеалот на обединета Европа, истакна Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го отворањето на новиот урбан простор во Велес.

На отворањето, прозвучија и стиховите од великанот на современата македонска поезија Кочо Рацин, кои ги прочита младата поетеса Марија Грубор придружувана со гитарски настап на џез музичарот Филип Букршлиев. ир/

 

Фото: Министерство за култура

Остани поврзан