• петок, 08 ноември 2024

Косор: Објавата на Уставниот суд за Милановиќ е застрашувачка

Косор: Објавата на Уставниот суд за Милановиќ е застрашувачка

Загреб, 19 април 2024 (МИА) - Поранешната хрватска премиерка и лидерка на владејачката ХДЗ изјави дека денешната објава на Уставниот суд за улогата на претседателот Милановиќ во кампањата на парламентарните избори е застрашувачка.

„Уставниот суд не може да биде над волјата на граѓаните. Удар. Доловиќи се задоволни“, објави поранешната премиерка на Х.

„Тоа се застрашувачки изјави дека можат да ги поништат и одлуките на хрватскиот Сабор! Па, тоа е целосно неуставно. Судиите избрани од Саборот не можат да ги поништат одлуките на Саборот за избор на премиер“, додаде таа.

„Уставот е над народот, вели газдата на Доловиќ! Па, само уште да го забрани народот“, напиша таа во нова објава на Х.

„Сите избрани претставници кои навистина се грижат за иднината на Хрватска сега треба да се соберат, да го конституираат Парламентот и да се спротивстават на ова неуставно самоволие“, додаде таа подоцна.

За потсетување, првиот човек на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ, денеска изјави дека претседателот Зоран Милановиќ не може да биде кандидат за мандатар за состав на влада, ниту да биде премиер, нагласувајќи дека секое друго толкување го загрозува повеќепартискиот парламентарен демократски уставен поредок и владеењето на правото.

„Поаѓајќи од наведеното, Уставниот суд ги предупредува сите учесници на изборите одржани на 17 април дека мора да бидат свесни за овој факт при предлагањето на иден претставник за состав на владата. Уставниот суд по потреба ќе направи посебен одлука за ова“, рече Шепаровиќ.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан