• вторник, 24 декември 2024

Косовскиот премиер Албин Курти во Чаир и Тетово, пречекан од градоначалниците Ганиу и Касами (ВИДЕО)

Косовскиот премиер Албин Курти во Чаир и Тетово, пречекан од градоначалниците Ганиу и Касами (ВИДЕО)

Скопје, 12 август 2023 (МИА) – Премиерот на Косово Албин Курти престојуваше во неофицијална посета на земјава без средби со државниот врв, но со заеднички активности со градоначалниците на Чаир и Тетово - преименувањето на улица во Општина Чаир и посета на планинското село Вејце во Општина Тетово.  

Курти вчера беше пречекан од првите луѓе на дел од албанските политички партии во земјава, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши и градоначалникот на Тетово и прв човек на БЕСА, Биљал Касами, како и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и Изет Меџити кој најави формирање ново политичко движење. Во рамки на својата еднодневна посета на Скопје и Тетово, Курти немаше средби со државниот врв или владините партии од албанскиот блок.

null

Во своето обраќањето на настанот по повод преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во општина Чаир, Курти рече дека во Косово има неколку улици што го носат името на Демачи, но дека именувањето на улица во Северна Македонија со неговото име има посебно знаење, посочувајќи дека периодот во поранешна Југославија кога Албанците биле дискриминирани, Демачи бил симбол на слободата.   

- Тоа време на угнетување на Албанците во поранешна Југославија, меѓу Албанците произведе еден симбол на слободата, бато Адем Демачи. Новинарот и интелектуалецот, писателот и активистот Адем Демачи со неговите тајни и јавни активности и текстови кои го чинеа полни 28 години поминати по затвори, стана симбол на беспрекорната резистенција против угнетувањето и искористувањето и на непрекинатата борба за слободата на Албанците во поранешна Југославија. Затоа името Адем Демачи, освен име на личност, беше и име на фигура, беше парола само по себе додека се извикуваше „Да живее Адем Демачи“ во демонстрациите во 1968 година, 1981 и во 1989 година, рече Курти.  

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу рече дека Демачи бил борец за слобода, човек на мирот и единствена обединувачка фигура.

-          Можеби прашувате зошто  избравме овој пат да го именуваме Адем Демачи и зошто овој сегмент од патот за промоција на овој пат. Веднаш зад мене во оваа зграда, пред 30 години, Адем Демачи со денови остана со семејството Тоска, веднаш по штрајкот со глад што тој и група новинари и интелектуалци во Косово го одржаа за да ја заштитат слободата на говорот, по дејствијата на Милошевиќ, политиката за замолчување на слободата на говор на Косово, затворање на сите албански медиуми и за време на престојот во Скопје, ова му беше омилена улица каде што шеташе заедно со пријателот Илми Тоска, изјави Ганиу.

Попладнето, Курти беше и во посета на Тетово, каде заедно со градоначалникот Билал Касами го посетија планинското село Вејце, од каде се заложија за побрза изградба на патниот правец Тетово - Призрен кој би минувал низ Шар Планина.null

Ова не е првпат косовски политичари да присуствуваат на промена на име на улица во општина Чаир. Во март годинава, претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу присуствуваше на инаугурација улицата со името „Ибрахим Ругова“ (поранешен „Славеј Планина“) во Општина Чаир. За разлика од Курти, Вјоса во март престојуваше во дводневна официјална посета на Северна Македонија, и имаше средби со претседателот на државата Стево Пендаровски, и со државниот врв и одржа говор пред пратениците во Собранието. аа/

Фото и видео: МИА

Остани поврзан