• понеделник, 16 декември 2024

Косовската претседателка му ги презентирала на Кошта доказите за поврзаноста на Србија со нападот на каналот Ибар –Лепенец

Косовската претседателка му ги презентирала на Кошта доказите за поврзаноста на Србија со нападот на каналот Ибар –Лепенец

Приштина, 4 декември 2024 (МИА) – Косовската претседателка, Вјоса Османи, денеска на новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, му презентирала доказите за поврзаноста на Србија со терористичкиот напад во каналот Ибар-Лепенец, кај Зубин Поток, соопшти нејзиниот кабинет.

„Османи на претседателот Кошта му ги презентирала доказите за поврзаноста на Србија со овој напад, како и со нападот во септември минатата година, кој беше акт на агресија врз Косово“, се наведува во соопштението, во кое се додава двајцата претседатели се сретнале во Брисел пред Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Османи навела дека „главниот терорист кој ги извршил наредбите на официјален Белград за напади на Косово е Милан Радоичиќ“, кој се уште е на слобода, што, според неа, ја докажува „неподготвеноста на Србија да преземе одговорност и да даде отчет за актите на агресија против Косово“.

Како што се наведува во соопштението, Османи навела дека Косово е подготвено да соработува со меѓународната страна во истрагата за „терористичкиот чин“.

Во соопштението се додава, таа им се заблагодари на своите партнери за солидарноста и помошта и рече дека е важно да се фокусираме на спречување нови напади.

Истовремено, Османи побара укинување на мерките на ЕУ против Косово, кои беа воведени минатата година.

На 29 ноември со експлозив беше нападнат каналот Ибар-Лепенец во селото Вараге во општина Зубин Поток. Од овој канал со вода се снабдуваат голем број градови и населби во Косово и бодат од него се користи за ладење на термоелектраните на Косовската енергетска корпорација (КЕК).

Косовските и меѓународните претставници го оценија тој чин како терористички, додека по нападот на северот на Косово беа уапсени голем број лица, а истовремено беа запленети значителни количини оружје, експлозиви и униформи.

Официјален Белград ги отфрла наводите за вмешаност во тој напад, додавајќи дека е подготвен да соработува со независни меѓународни истраги.сд/

Остани поврзан