• сабота, 16 ноември 2024

Косово ќе поднесе жалба до УЕФА поради навредливи пароли во Лигата на нации

Косово ќе поднесе жалба до УЕФА поради навредливи пароли во Лигата на нации

 

Приштина, 13 октомври 2024 (МИА) – Косовската фудбалска Федерација (ФФК) најави денеска дека ќе поднесе жалба до Европската фудбалска федерација (УЕФА) поради паролите против Косово кои се слушнаа на натпреварите од Лигата на нации меѓу Чешка – Албанија и Србија – Швајцарија.

„ФФК најостро го осудува истакнувањето транспарент со картата на Косово покриен со српско знаме и натпис „Не се предаваме“, како и повиците против Косово и Албанците кои се слушнаа за време на натпреварот Србија – Швајцарија, како и натпреварот Чешка. – Албанија. Таквите повици континуирано се случуваат од навивачите на Србија и некои други земји кои се блиски до такви српски групи и немаат место во фудбалот и ниту една спортска арена бидејќи шират омраза и поделби“, се вели во соопштението на ФФК.

Од ФФК изјавија дека ваквите инциденти се во целосна спротивност со вредностите што ги застапува УЕФА, а меѓународната фудбалска заедница треба да послужи како моќна платформа за промовирање на мирот, соживотот и еднаквоста меѓу федерациите.

Србија во саботата во Лесковац ја победи Швајцарија со 2:0, а во петокот во Прага репрезентацијата на Чешка со идентичен резултат ја совлада Албанија. ег

ФОТО: ФФК/Фејсбук

Остани поврзан