• петок, 05 декември 2025

Косово: Самоопределување потврди дека ќе оди на консултативна средба кај претседателката Османи

Косово: Самоопределување потврди дека ќе оди на консултативна средба кај претседателката Османи

Приштина, 13 мај 2025 (МИА) – Пратеничката на движењето Самоопределување, Мимоза Кусари-Љиља, денеска потврди дека претседателот на таа партија, Албин Курти, ќе присуствува на состанокот што за 15 мај го свика претседателката на Косово, Вјоса Османи, поради консултации за „деблокирање на политичкиот застој“.

- Самоопределување ја доби поканата и верувам дека одговорот е позитивен во врска со учеството на состанокот. Се подразбира дека состанокот е во врска со конституирањето на Собранието, бидејќи кабинетот на претседателката не може да се користи за политички договори, туку да се разговара за овој процес кој моментално не успева, изјави таа.

Љиља повторно ги обвини опозициските партии дека ја блокираат работата на парламентот поради тоа што ни денеска не гласаа за комисија за тајно гласање за избор на претседател на Собранието.

Еден ден претходно, и од Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово потврдија дека ќе одговорат на повикот на Османи.

Парламентарните избори на Косово се одржаа на почетокот на февруари, но Собранието на Косово не беше конституирано ниту од 14-от обид. јт/

Фото: Самоопределување на Фејсбук

Остани поврзан