• вторник, 24 декември 2024

Косово: Берлинскиот процес е една од најдобрите платформи за економски развој

Косово: Берлинскиот процес е една од најдобрите платформи за економски развој

Приштина, 22 мај 2024 (МИА) - Берлинскиот процес е една од најдобрите платформи за економски развој и на Косово и на регионот, беше оценето денеска во Приштина на состанокот „Зголемување на регионалната интеграција: Улогата на Косово во Берлинскиот процес и во претседавањето со ЦЕФТА“, пренесе Бета.

Собирот го организираше Косовската собраниска Комисија за европска интеграција во соработка со Германската организација за меѓународна соработка (ГИЗ).

Претседателката на парламентарната Комисија, Резарта Красниќи изјави дека Косово е „посветено на спроведување на реформите за доброто на земјата и регионот“ и порача дека ЕУ треба да ги укине мерките што беа воспоставени против Косово пред речиси една година.

-Берлинскиот процес започнат во 2014 година претставува важна платформа за промовирање на економскиот развој. Косово беше активен учесник во Берлинскиот процес и ние сме посветени на зајакнување на економскиот раст. Вклучувањето на Косово ја покажува нашата подготвеност да работиме со нашите соседи, рече Красниќи.

Тој додаде дека „кога Косово ќе претседава со организацијата на ЦЕФТА-договорот во 2025 година, тоа ќе биде посветено на зголемување на трговското олеснување и зајакнување на поконкурентен и интегриран пазар“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан