• четврток, 26 декември 2024

Корнелија Нинова: Помеѓу мене и Кирил Петков нема конфликт на темата за Република Северна Македонија

Корнелија Нинова: Помеѓу мене и Кирил Петков нема конфликт на темата за Република Северна Македонија
Софија, 3 февруари 2022 (МИА/БТА) - Нема конфликт меѓу мене и Кирил Петков на темата за Република Северна Македонија (РСМ). Ова го изјави вицепремиерката Корнелија Нинова во одговор на новинарско прашање за време на прес-конференција за „Експо 2020 Дубаи“. -Имаме коалициски договор на Владата. Тој го содржи нашиот заеднички став за РСМ и тој е дека актуелната влада на Кирил Петков го реафирмира сегашниот, а тоа е дека треба да се спроведе Договорот за добрососедство и соработка, да се спроведе Декларацијата од 44-от Собрание, да се запре говорот на омраза, да не се злоупотребува бугарската историја, да не биде на сметка на националниот бугарски интерес. Ова го пишува во договорот на бугарската влада, чиј дел сме и ние и го исполнуваме напишаното во документот, рече Нинова. Вицепремиерката додаде дека има надградба на ова со работни групи на различни теми, што според неа е добро. -Продлабочување, проширување, поддршка на РСМ за влез во ЕУ - да, но на сметка на бугарската историја и националниот интерес - не, рече вицепремиерката. Таа одби да коментира за односите меѓу премиерот и претседателот. Во одговор на друго прашање, Нинова рече дека работата на Историската комисија е запишана во Договорот за добрососедство и соработка меѓу Бугарија и РСМ. Така што не е прифатливо еднострано да се поставува ова прашање, истакна Нинова по повод претходно објавеното во медиумите за предлогот на нејзиниот копретседавач проф. Драги Ѓоргиев за замрзнување на нејзината работа. Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Тагови

Остани поврзан