• четврток, 26 декември 2024

Координативен состанок поради откажувањето на Охридскиот пливачки маратон

Координативен состанок поради откажувањето на Охридскиот пливачки маратон
Охрид, 18 август 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска ќе одржи координативен состанок поради откажувањето на Охридскиот пливачки маратон. Тој вчера, по објавувањето на одлуката за неодржување на најстарата пливачка манифестација во земјата, со 60-годишна традиција, на социјалнмата мрежа Фејсбук реагираше на одлуката на Националната пливачка федерација - Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон, напиша Пецаков. Според него, несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање. - Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи, кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер, стои во објавата на Пецаков. Реакцијата на Пецаков беше по објавата на шефот на државата Стево Пендаровски за средбата со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски на која, како што соопшти, разговарале за реализираните активности, учества на натпревари, организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план. Причина за неодржување на маратонот, кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата, како што е наведено, била блокираната сметка на Федерацијата и финансиското работење на претходното раководство. сс/дма/

Остани поврзан