• недела, 28 јули 2024

Концерт на Паскал Голоа со учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“

Концерт на Паскал Голоа со учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) – Паскал Голоа, директор на Музичкиот конзерваториум Моцарт во Париз, вечер во Музеј на македонската борба ќе одржи мастер клас по оркестрирање со учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Паскал Голоа е повеќестран уметник и мајстор на инструментот фаготот. Голоа е солист, концертен изведувач и педагог, а денес сè повеќе се потврдува во диригирањето, што, всушност, претставува кулминација на неговата музичка определба. Тој е уметник посветен на родниот град. Диригирањето е во фокусот на неговата музичка мисија. свс/са/

Остани поврзан