Концерт на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром ТРИСОМИЈА 21 Скопје
- Во организација и изведба на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром ТРИСОМИЈА 21 Скопје, денеска на Меѓународниот ден на лица со посоебни потреби во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, се одржа концерт на народни ора и песни „Наше оро“.
Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - Во организација и изведба на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром ТРИСОМИЈА 21 Скопје, денеска на Меѓународниот ден на лица со посебни потреби во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, се одржа концерт на народни ора и песни „Наше оро“.
Концертот, како што велат од Здружението, бил инклузивен со играорци од Фолклорниот ансамбл „Седенка“, а инструментално поддржан од ученици кои свират на народни инструмени при ЕМЦ „Наши ноти“ со менторот Роберт Ангеловски.
- Ова за нас беше прв фолклорен концерт на кој учесниците и публиката беа преплавени со позитивни емоции. Ова ни дава сила и желба да работиме повеќе на себе и да покажеме дека и ние можеме и дека нетреба да бидеме на маргините на ова општество, велат од Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром ТРИСОМИЈА 21 Скопје. дма/бак/
Фото: Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром ТРИСОМИЈА 21 Скопје