• сабота, 31 август 2024

Концерт на Дуо Скупи во Делчево

Концерт на Дуо Скупи во Делчево
Делчево, 26 мај 2022 (МИА) - Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ и Општина Делчево, вечерва концерт одржа „Дуо Скупи“.
Со изведба на флејта и виолина членовите Дуо Скупи, Јета Старова Мехмети и Ермаљ Мехмети пред делчевската публика се претставија со аранжмани на стари македонски песни и ора.
-Дуо Скупи на музичката сцена е од 2006 година и во Делчево сме првпат. Во рамки на нашите настапи ги преработуваме овие стари звуци и што е најбитно ги претставуваме во нашите граници, рече Мехмети.
Директорот на Центарот за култура, Методи Толевски најави дека ваквите концерти на отворено ќе продолжат и во наредниот период.
-Овој концерт ни дава за право да организираме повеќе вакви концерти на отворено, што секако се во план во рамки на претстојното делчевско културно лето, рече Толевски.
Концертот се одржа како дел од одбележувањето на патроните на град Делчево, „Св. Кирил и Методиј“. вс/ки/

Остани поврзан