• четврток, 24 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Концертна промоција FIN Project и Тања Царовска на албум „Егрегор“

Концертна промоција FIN Project и Тања Царовска на албум „Егрегор“

Скоипје, 3 јули 2025 (МИА) - Концертната промоција на албумот „Егрерор“ на Никола Стојковски (ФИН Проект) и Тања Царовска ќе се одржи вечер со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан.

На концертот, како што соопшти Дирекцијата за култура и уметност, како гости ќе настапат и Петар Христов (саксофон и кларинет) и Горан Трајкоски - Готра, на пијано Билјана Петровска, бас и контрабас Андреа Мирческа, како и Илија Јовчев - виолина, Ева Ристеска - виолина, Ангела Винтовска - виола, Александар Ицковски - виолончело.

Албумот „FIN Project Orchestra“ е издаден во декември 2022 година од М-Сол Рекорд и е поддржан од Министерството за култура, по што следуваше „FIN Project - Contemplation“ кој е издаден во јануари 2024 година.

Музичкиот материјал на албумот е подготвен во соработка со кларинетистот Петар Христов. А, како последно издание во 2024 година, FIN Project во соработка со светски реномираниот композитор и продуцент на извонредната Лиза Жерар, Марсело Ди Франсиши, го објави „Indie Monastery - One Big World (remixes)“ каде како вокален интерпретатор се појавува иранската дива Бахар Шах. дма/вг/


Фото: Дирекцијата за култура и уметност 

Остани поврзан