• среда, 27 ноември 2024

Конфискуваните предмети вратени на семејствата на затворениците од нацистичките логори во Полска

Конфискуваните предмети вратени на семејствата на затворениците од нацистичките логори во Полска

Варшава, 11 септември 2024 (МИА) - На семејствата на 12 затвореници од нацистичките логори во Полска им се вратени нивните конфискувани работи.

Повеќето од вратените предмети се парчиња накит.

-Ова е важен момент во нашите животи, бидејќи ова е приказна за која не знаевме целосно и излезе на виделина, изјави за американските медиуми, Малгоржата Корис (35), правнука на Станислава Василевска.

Василевска имаше 42 години кога беше заробена од нацистичката германска војска во Варшава на 31 август 1944 година и испратена во женскиот концентрационен логор во Равенсбрук. Оттаму, таа била испратена во логорот за принудна работа Нојенгама, каде и биле конфискувани вредните работи.

Архивата Аролсен најави уште вакви свечености. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан