• сабота, 23 ноември 2024

Конференција „Форум Еуропеум 2024: Инструменти за владеење на правото во контекст на пристапувањето во ЕУ“

Конференција „Форум Еуропеум 2024: Инструменти за владеење на правото во контекст на пристапувањето во ЕУ“

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - „Форум Еуропеум 2024: Инструменти за владеење на правото во контекст на пристапувањето во ЕУ“ е насловена конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје. 

- 2024 година е обележана со значајни избори ширум светот, вклучително и изборите на ЕУ во јуни и клучните претседателски и парламентарни избори во неколку земји од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. Резултатите од овие избори значително ќе влијаат на иднината на надворешната политика на ЕУ и на траекторијата на пристапување на земјите кандидатки од Западен Балкан. Од почетокот на годината, забележан е напредок во процесот на проширување на ЕУ. Европската комисија препорача отпочнување на пристапните преговори со Босна и Херцеговина, а Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на нивниот пат кон ЕУ, се наведува во соопштението од ЕПИ. 

Исходите од овие избори, се додава во соопштението, длабоко ќе влијаат на иднината на надворешната политика на ЕУ и на траекториите за пристапување на земјите кандидати од Западен Балкан. Од почетокот на годината, забележан е напредок во процесот на проширување на ЕУ. Европската комисија препорача отпочнување на пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Покрај тоа,  се посочува, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на нивните соодветни патишта кон пристапување во ЕУ, со отпочнување на преговорите за членство на крајот на јуни 2024 година.

Имајќи го предвид овој комплексен развој на настаните, а во очекување на напредок во иднина, сметаат во ЕПИ, постои итна потреба да се обезбеди континуиран дијалог и комуникација во и помеѓу земјите кандидатки и ЕУ на различни нивоа, а конференцијата во Скопје претставува токму таква прилика. цр/хс/

Фото: Принтскрин ЕПИ

 

Остани поврзан