• недела, 24 ноември 2024

Конференција на проектот за достапноста на е-услугите на локално ниво

Конференција на проектот за достапноста на е-услугите на локално ниво
Прилеп, 17 февруари 2022 (МИА) - Завршна локална конференција во рамките на проектот „Достапност на е-услугите на локално ниво – чекор напред или чекор назад во реформата на јавната администрација“ ќе се одржи денеска во Прилеп во организација на Рурална коалиција. Имено, Рурална коалиција во јуни 2021 година започна со имплементација на овој проект кој што е насочен кон заjакнување на граѓанскиот мониторинг на давање на е-услуги од страна на руралните општини преку развоj на препораки и застапување за дигитализациjа на локално ниво. - Проектот успеа да изработи алатки за воспоставување на редовен мониторинг и следење на унапредувањето на квалитетот и дигитализациjата на jавните услуги во руралните општини и тоа токму преку директна вклученост на граѓаните и придонес кон реформата на jавната администрациjа на локално ниво. Проектот се имплементираше во општините Старо Нагоричане, Кривогаштани и Врапчиште, а на локалната конференција ќе имате можност да ги проследите резултатите постигнати во рамките на проектот, но и да отвориме дебата кои се следните чекори кога е во прашање дигитализацијата на општините и користењето на е-услугите, наведуваат од Рурална коалиција. Проектот е финансиран во рамките на проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество - WeBER 2.0 финансиран од страна на Европската Унија. Проектот WeBER 2.0 се спроведува од Центарот за европски политики – ЦЕП (Србија) како водечки партнер и партнерските организации: Институтот за демократија и медијација (Албанија), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Групата за правно-политички студии (Косово), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Институтот за европска политика (EПИ) (Северна Македонија) и Центарот за европска политика (Белгија). мс/са/

Остани поврзан