• вторник, 24 декември 2024

Конференција „Надзорната улога на Народниот правобранител над безбедносниот сектор од аспект на заштита на правата на граѓаните“

Конференција „Надзорната улога на Народниот правобранител над безбедносниот сектор од аспект на заштита на правата на граѓаните“

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Конференција на тема „Надзорната улога на Народниот правобранител над безбедносниот сектор од аспект на заштита на правата на граѓаните“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Народниот правобранител на Република Северна Македонија, а во соработка со Женевскиот центар за управување се безбедносниот сектор (ДЦАФ).

Конференцијата е во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија, финасирана од Швајцарија, Шведска, Холандија и Европската Унија.

Како што е најавено, воведни обраќања на конференцијата ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, народниот правобранител Насер Зибери, амбасадорот на Швајцарија, Вероник Хулман и помошник директорот и раководител на Одделот за политика и истражување, ДЦАФ, Ханс Борн.

На Конференцијата, на тема „Народниот правобранител и надзорот на безбедносниот сектор: улоги, одговорности и тековни трендови“ ќе зборуваат Ханс Борн, помошник директор и раководител на Одделот за политика и истражување, ДЦАФ, Лука Глушац од Институтот за филозофија и социјална теорија од Универзитетот во Белград, Искра Акимовска - Малетиќ, универзитетски професор од Факултетот за безбедност-Скопје и Ведије Раткоцери, универзитетски професор од Универзитетот на Југоисточна Европа.

Во вториот дел од Конференцијата, на тема „Практични компоненти на улогата на Народниот правобранител во надзор на разузнавањето и безбедноста: перспективи, предизвици и најдобри практики во однос со другите форми на надзор“, панелисти ќе бидат народниот правобранител за разузнавање од Финска, Кимо Хаконен, претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на АР и АНБ, Љупчо Пренџов,  поранешната народна правобранителка на Република Хрватска, Лора Видовиќ и  врховниот судија и претседател на Здружението на судии, Џемали Саити. дма/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан