Конференција за спречување на перење пари и борба против тероризмот
- Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), Нотарската комора на Република Северна Македонија и Сојузната нотарска комора на Германија денеска ќе одржат заедничка Конференциј

Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), Нотарската комора на Република Северна Македонија и Сојузната нотарска комора на Германија денеска ќе одржат заедничка Конференција за спречување на перење пари и борба против тероризмот од страна на нотаријатот.
Конференцијата е наменета за нотарите и другите чинители во областа на спречувањето на перењето пари и борбата против тероризмот, а целта е продлабочување на значењето на улогата на нотаријатот во спречување перење пари и финансирање тероризам и зајакнување на свеста за сопствените можности за постапување во насока на нивно спречување. сх/свс/