• сабота, 14 јуни 2025

Конференција за пристапот до финансии за малите и средните претпријатија

Конференција за пристапот до финансии за малите и средните претпријатија

Виница, 15 мај 2025 (МИА) - Во Виница денеска ќе се одржи конференција на тема „Пристап до финансии за мали и средни претпријатија“, во организација на Фондација Прогресив Академија.

Како што најавија организаторите, преку три фокусирани панели, ќе бидат презентирани конкретни финансиски и донаторски инструменти, поддржани со практични искуства.

- Конференцијата е вистинска можност лично да ги запознаеш клучните луѓе и институции што можат да му помогнат твојот бизнис да обезбеди пристап до капитал, поддршка и нови пазари. На едно место – знаење, контакти и инспирација, соопштија организаторите. бт/бак/

Фото: Фондација Прогресив Академија

Остани поврзан