• сабота, 23 ноември 2024

Конференција во Собранието - „Превенција и заштита од насилството врз жените и девојчињата. Регулатива, имплементација и реалност“

Конференција во Собранието - „Превенција и заштита од насилството врз жените и девојчињата. Регулатива, имплементација и реалност“

Скопје, 26 декември 2023 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи конференцијата „Превенција и заштита од насилството врз жените и девојчињата. Регулатива, имплементација и реалност“, во организација на Македонско женско лоби.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на конференцијата ќе присуствубаат претставници од Клубот на пратенички и собраниската Комисијата за еднакви можности.

Воведни обраќања, како што најавуваат организаторите на конференцијата, ќе имаат проф. др. Гордана Силјановска Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите; Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички; Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика; Даниела Димитриевска, извршна директорка на Македонското женско лоби; Лилјана Поповска, член на извршниот одбор на Европското женско лоби и поранешна пратеничка.

За „Европските практики во борбата против насилство врз жените и девојчињата“ ќе говори Елена Грозданова од Опсерваторија против насилство врз жените - Европско женско лоби; за „Улогата на полицијата во справувањето со насилство врз жените и девојчињата“ ќе зборува Жаклина Просароска, виш полициски советник, Министерство за внатрешни работи.

За подготвеноста на судскиот систем за борба со насилство врз жените и девојчињата ќе зборува судијката Оља Ристова од Основен кривичен суд Скопје. 

Савка Тодоровска, координаторка на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство при НСРР ќе говори за искуството со згрижување на жртвите од насилство, а преглед на состојбите со насилство врз жените и девојчињата по ратификацијата на Истанбулската конвенција ќе направи
Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан