• петок, 08 ноември 2024

Конференција „Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот“

Конференција „Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот“
Скопје, 26 септември 2022 (МИА) – Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот е темата на денешната регионална конференција која ќе се одржи во Скопје, во организиација на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“. Дебатата има за цел да понуди платформа за размена на знаење и искуства помеѓу универзитетски професори и експерти од областа на безбедноста и меѓународните односи од регионот, поточно Северна Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, како и од Германија. Форумот треба и да овозможи дискусија во однос на актуелните безбедносни предизвици пред кои се исправени регионот и Европа во време на воена агресија во Украина, земајќи ги предвид влијанијата од страна на надворешните актери и пропагандата, како закана за демократијата, мирот и стабилноста. свс/вг/

Остани поврзан