• понеделник, 23 декември 2024

Конференција „Борбата против трговијата со луѓе преку институционални и вонинституционални механизми“

Конференција „Борбата против трговијата со луѓе преку институционални и вонинституционални механизми“
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи онлајн конференцијата на тема „Борбата против трговијата со луѓе преку институционални и вонинституционални механизми“. Конференцијата ќе биде од интерактивен кaрактер и e наменета за претставници на државните институции, стопанските комори, синдикатите, како и земјоделските задруги и асоцијации и другите невладини организации кои претставуваат клучни актери во синџирот за борбата против трговијата со луѓе особено при трудовата експлоатација. Како што информираат од Македонското здружение на млади правници, настанот се одржува во рамки на Регионалниот проект за спречување и борба против трговијата со луѓе (ПаКТ), имплементиран од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) во соработка со Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ) по налог на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ). На конференцијата ќе бидат презентирани теми релевантни за сезонската работа и ризикот од трудова експлоатација и трговија со луѓе. Целта на конференцијата е да ја потенцира важноста на соработката меѓу сите чинители кои преку своите надлежности може активно да придонесат кон намалување на трудовата експлоатација и рана идентификација на потенцијални жртви односно жртви на трговија со луѓе.фф/са/

Остани поврзан