Конференциска лига: Шкендија продолжува, Академија Пандев елиминирана
- Половичен успех остварија македонските претставници во 1. квалификациско коло во УЕФА Конференцисксата лига, откако Шкендија попладнево ја мина првата пречка во пресметката со ерменски Арарат
Скопје, 14 јули 2022 (МИА) - Половичен успех остварија македонските претставници во 1. квалификациско коло во УЕФА Конференцисксата лига, откако Шкендија попладнево ја мина првата пречка во пресметката со ерменски Арарат, додека, Академија Пандев доживеа елиминација од полска Легија Гдањск.
Шкендија на гостувањето во Ереван одигра 2-2 и ја зачува предноста од 2-0 стекната пред една недела на првиот натпревар во Скопје и во 2. квалификациско коло во Конференциската лига ќе играа против Валмиера од Летонија.
Фудбалерите на Академија Пандев на реваншот во Скопје претрпеа и втор пораз 1-2 во дуелот со Легија и со вкупен резултат од 2-6 се елиминирани од третото по ранг европско клупско натпреварување.
Првите натпревари од 2. квалификациско коло се на програмата на 21 јули, кога третиот македонски претставник во Конференциската лига, Македонија Ѓорче Петров, во Скопје е домаќин на бугарска ЦСКА Софија. ег/ар/