Конте сака да ги види Данило и Киеза во Наполи
- Антонио Конте е заинтересиран за трансфер на Федерико Киеза во Наполи.

Неапол, 30 мај 2024 (МИА) – Антонио Конте е заинтересиран за трансфер на Федерико Киеза во Наполи.
Како што објави „Tuttomercato“, Конте, кој е пред промоција во Наполи, го гледа играчот од средниот ред на Јувентус како потенцијална замена за Квича Кварацхелија во случај на негово заминување.
Се известува и дека Конте е сериозно заинтересиран во Наполи да го донесе и Данило.
Од тренерот ќе зависи и иднината на Џакомо Распадори - претходно имаше информации за интерес за наполитанскиот напаѓач од Интер и од Јувентус. зс/
Фото: ЕПА