• понеделник, 19 август 2024

Конте побара поддршка и трпение од навивачите

Конте побара поддршка и трпение од навивачите

Неапол, 17 август 2024 (МИА) - Тренерот на Наполи, Антонио Конте зборуваше за моменталната состојба на тимот.

- Се надевав дека ситуацијата во Наполи ќе биде подобра, сметав на пријатни изненадувања, но беше тешко да најдам засилувања. Мислев дека нема потреба да се откажам од се по минатата година, но се наоѓам во ситуација да си одат 9-10 играчи. Во другите тимови ситуацијата е постабилна, тие едноставно преземаат нови играчи. Нема да кажам дека почнуваме сè од нула, но блиску сме до тоа. Сепак, ова не ме плаши, подобро е да бидеме искрени за проблемите со кои ќе се соочиме. Навивачите треба да бидат свесни за ситуацијата и ги замолувам за поддршка и трпение. Не знам колку време ќе биде потребно за да се врати Наполи на натпреварувачко ниво - 6 месеци или 3 години, но мора да бидеме подготвени и да не паничиме, изјави Конте.

Наполитанскиот клуб утре ќе игра против Верона во 1. коло од Серија А. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан