• сабота, 11 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Конте за Де Брујне: Тој гледа работи на теренот што многу други не ги гледаат

Конте за Де Брујне: Тој гледа работи на теренот што многу други не ги гледаат

Неапол, 19 јули 2025 (МИА) - Тренерот на Наполи, Антонио Конте, зборуваше за улогата на играчот од средниот ред Кевин Де Брујне во тактиката на тимот.

- Како Де Брујне ќе се вклопи во тактиката? Судејќи според начинот на кој играше во Сити, тој е играч од средниот ред кој може да биде офанзивно поставен. Има посебни, извонредни квалитети, а кога ја има топката, гледа работи што многу други не ги гледаат, изјави Конте за „Скај Спорт Италија“.

Триесет и тригодишниот фудбалер се приклучи на италијанскиот клуб како слободен на трансфер пазарот по десет години поминати во Манчестер сити. 

Белгиецот одигра 422 натпревари за Сити, постигнувајќи 108 гола и 177 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан