• петок, 15 ноември 2024

Конститутивна седница на собраниската Комисија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници

Конститутивна седница на собраниската Комисија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) – Комисијата на Собранието на Република Северна Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници денеска ја одржа првата конституивна седница.

Со Комисијата претседаваше пратеникот Талат Џафери. За успешноста на работата на Комисијата, членовите донесоа заклучок до Владата да се достави „Барање за доставување на Акцискиот план за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт“.

 

Како што рече Џафери, Владата има рок до 15 декември да го достави овој Акциски план до Собранието.

Комисијата има за цел следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, и затоа ќе соработува и со Владата на Република Северна Македонија. Комисијата може да дава препораки, мислења, како и заклучоци кои треба да се применат од органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, а кои ќе бидат во однос на оваа состојба.

Потпретседател на Комисијата на Собранието на Република Северна Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници е Муса Џафери. Членови се пратениците Антонијо Милошоски, Александар Велјановски, Драган Ковачки, Ѓорѓија Сајкоски, Дафина Стојаноска, Драган Недељковиќ, Салим Сулејмани, Илир Демири, Сали Мурати, Миле Цеков, Фатмир Битиќи, Соња Мираковска, а заменик-членови пратениците Ели Панова, Мевмед Џафери, Бојан Стојаноски, Благица Ласовска, Игор Здравковски, Малиша Станковиќ, Имрлије Салиу-Фетаи, Елми Азири, Илир Хасани, Даниел Стојчевски, Борче Цветков и Моника Зајкова. фф/нд/

Фото: Фејсбук на Талат Џафери

Остани поврзан