• сабота, 23 ноември 2024

Конститутивна седница на Комората за вештаци

Конститутивна седница на Комората за вештаци

Скопје, 1 февруари 2024 (МИА) - Комората за вештаци денеска одржа конститутивна седница на која присуствувал и министерот за правда во техничката Влада, Кренар Лога.

Како што пренесуваат од Министерството за правда, Лога им посакал успешна работа на претставниците на професионалните одделенија на Комората. 

- Министерот за правда Кренар Лога, неодамна основаше 18 професионални одделенија кои ќе треба да  го подобрат квалитетот на вештачењето, заштитата и унапредување на стручноста, следење на односот на вештаците кон општеството и граѓаните, стои во соопштението од Министерството.

Согласно Законот за вештачење, основани се професионални одделенија за вештачење од областа на архитектурата, криминалистика и криминологија, геодезија, градежништво, електротехника, земјоделство, информатички технологии, материјално, сметководствено и финансиско работење,  машинство, психијатирија, шумарство, општа хирургија, ортопедија и трауматологија, сообраќај, судска медицина, интелектуална сопственост, безбедност и здравје при работа и професионално одделение од областа на други области.ар/дма/


Фото: Министерство за правда 

Остани поврзан