• петок, 05 декември 2025

Конституиран новиот Совет на Општина Берово

Конституиран новиот Совет на Општина Берово

Берово, 3 ноември 2025 (МИА) – На денешната конститутивна седница на новоизбраниот Совет на Општина Берово, присуствуваа градоначалникот Петар Ружински, избраните советници и претставници на општинската администрација. Со оваа седница официјално беа верификувани советничките мандати, со што започнува новиот мандат на Советот како највисоко претставничко тело на граѓаните на општината.

Советниците дадоа свечена изјава, со која ја презедоа одговорноста за работа во интерес на граѓаните и понатамошен развој на Берово. За претседател на Советот беше избран Владко Шахпаски, кој ќе го координира идното работење на ова тело.

Градоначалникот Петар Ружински изрази очекување дека новиот состав на Советот ќе работи единствено и посветено за доброто на сите жители на општината.

– Се надевам дека сите советници, без разлика на политичката припадност, заеднички ќе работиме во интерес на граѓаните и за унапредување на Берово, рече Ружински.

Новиот претседател на Советот, Владко Шахпаски, истакна дека очекува успешна и конструктивна соработка со сите членови.

– Верувам дека преку дијалог и партнерски однос ќе постигнеме видливи резултати и ќе придонесеме за развој на нашата општина, нагласи Шахпаски.

Општина Берово на сите советници им посака успешна и продуктивна работа во насока на унапредување на локалниот развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. вс/мд/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан