КОНМЕБОЛ и предложи на УЕФА да биде домаќин на натпревар помеѓу Аргентина и Италија
- Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) ја покани Европската асоцијација (УЕФА) да одржи натпревар помеѓу репрезентациите на Аргентина и Италија.

Рио де Жанеиро, 13 јули 2021 (МИА) - Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) ја покани Европската асоцијација (УЕФА) да одржи натпревар помеѓу репрезентациите на Аргентина и Италија.
Аргентина го освои Купот на Америка пред два дена, додека Италија стана европски шампион.
КОНМЕБОЛ верува дека таков натпревар ќе стане традиционален „дуел на шампионите“.
Поради проблеми со календарот, исклучително е тешко да се организира ваков натпревар во 2021 година.
Средбата може да се одржи во 2022 година, пишува новинарот на „TyC Sports“, Цезар Луис Мерлот. зс/