• сабота, 23 ноември 2024

КОНМЕБОЛ и го одзеде правото на Колумбија да биде домаќин на Купот на Америка

КОНМЕБОЛ и го одзеде правото на Колумбија да биде домаќин на Купот на Америка
Богота, 21 мај 2021 (МИА) - Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) и го одзеде правото на Колумбија да биде домаќин на Купот на Америка, соопштено е на веб-страницата на организацијата. Претходно, на земјата не и беше дозволено да го одложи турнирот од јуни на подоцнежен датум. - Поради меѓународниот календар на натпревари и логистиката на турнирот, Копа Америка не може да се презакаже до ноември. КОНМЕБОЛ ќе објави во блиска иднина дека натпреварите што требаше да се играат во Колумбија, се презакажани, се вели во соопштението. Во март 2020 година, Купот на Америка беше одложен поради пандемијата на коронавирус за 2021 година. Турнирот требаше да се игра од 13 јуни до 10 јули во Аргентина и Колумбија. зс/

Остани поврзан