• вторник, 24 декември 2024

Конкурс на Шведската амбасада за позиција „Амбасадорка на еден ден 2024“

Конкурс на Шведската амбасада за позиција „Амбасадорка на еден ден 2024“

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Амбасадата на Шведска во Скопје четврта година по ред отвора конкурс за позицијата „Амбасадорка на еден ден“. Краен рок за пријавување е 28 октомври, а пријавувањето се прави преку е-пошта на: ambassaden.skopje@gov.se со наведување: Апликација за конкурсот #GirlsTakeOver за „Амбасадорка на еден ден 2024“.

- Од кандидатката се очекува да ја следи амбасадорката во текот на целиот ден, да присуствува на состаноци, да соработува со персоналот на Амбасадата и да учествува во целокупните дневни активности на Амбасадата. На крајот од работниот ден, ќе даде краток извештај за работата што ја завршил. Работа ќе започне во 8:30 часот и ќе заврши во 16:30 часот, се вели во соопштението од Амбасадата на Шведска во Скопје.

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи: кратко мотивациско писмо (најмногу 250 зборови), објаснувајќи зошто се заинтересирани за оваа позиција, кратка биографија каде се посочува што прават, кои се нивните интереси и кои активности ги презеле за да го промовираат или подобрат животот на заедницата во која живеат.

-Тоа може да биде акција во која сте иницирале или сте учествувале, која промовира еднаквост помеѓу девојчињата и момчињата, обезбедува помош за стари лица или загрозени лица, грижа за животната средина итн., две препораки (најмногу 1-2 параграфи) од некој што добро Ве познава и може да Ве препорача за оваа позиција. Ова може да биде вашиот учител или наставник или секој што ве познава добро и Ве видел во акција. Писмена согласност од вашите родители/ законски старатели (за девојчиња на возраст од 15-18 години), стои во повикот.

Информациите за резултатите од конкурсот ќе им бидат доделени на сите апликанти до крајот на ноември 2024 година, на е-поштата наведена во апликацијата. Успешната кандидатка ќе ги извршува своите должности како „Амбасадорка за еден ден“ на почетокот на второто училишно полугодие, кон крајот на февруари или почетокот на март 2025 година и во врска со 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

#GirlsTakeOver е глобална иницијатива, според која девојките ширум светот заземаат позиции на моќ по повод Меѓународниот ден на девојките, 11 Октомври. Шведското Министерство за надворешни работи и многу шведски амбасади ширум светот учествуваат во иницијативата. мд/нд/

Фото: Амбасада на Шведска во Скопје

 

 

 

Остани поврзан