• вторник, 31 март 2026

Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2026/2027

Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2026/2027

Скопје, 30 март 2026 (МИА) - Министерството за образование и нака објави конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2026/2027 година, во кои на учениците од средното образование ќе им биде обезбедено сместување и исхрана.

Според конкурсот на МОН, во 17 ученички дома (од кои пет се во Скопје) има речиси 2.400 слободни места за сместување средношколци. 

Учениците што ќе се пријават на конкурсот треба да пополнат електронска пријава достапна на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и да ги поднесат потребните документи до Министерството преку ученичкиот дом.

Рокот за пријавување на учениците запишани во I, II, III и IV година ќе почне на 25 јуни 2026 и ќе трае до 10 јули 2026. По објавување на списоците со рангирани ученици во домовите, учениците ќе имаат право на приговор во рок од три дена, кој се поднесува во Министерството за образование и наука.

Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе биде активно од 28 јули 2026 сѐ додека има слободни места за што Министерството за образование и наука, како што информира, континуирано на својата веб-страница ќе објавува списоци за примени ученици во домовите.

Во објавениот конкурс се наведени условите за прием, потребните документи и начинот на пријавување. хс/са/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан