Конкурс за обука за негуватели за помош и нега на стари лица во Струга
- Општинската организација на Црвен крст - Струга распиша конкурс за обука за негуватели за помош и нега на стари лица.
Струга, 26 ноември 2025 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст - Струга распиша конкурс за обука за негуватели за помош и нега на стари лица.
На конкурост, кој е отворен до 8 декември годинава, како што е наведено, можат да се пријават сите заинтересирани невработени лица, кои сакаат да се стекнат со верификуван сертификат за негувател/ка.
- Кандидатите треба да бидат државјани на Република Македонија, да се на возраст од 18 до 62 години, да поседуваат општа психо-физичка способност за работа, да имаат завршено средно образование и да бидат мотивирани за работа со стари лица, стои во конкурсот.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на емаил адресата struga@redcross.org.mk, на телефонскиот број 046 786 014 или директно во просториите на струшкиот Црвен крст, секој работен ден од 8 до 16 часот. сс/вј/
Фото МИА архива