• вторник, 24 декември 2024

Конкурс за награди за иновации за граѓани од Западен Балкан

Конкурс за награди за иновации за граѓани од Западен Балкан
Скопје, 1 април 2022 (МИА) - Советот за регионална соработка (РСС) распиша денеска Конкурс за награди за иновации, наречени „Иновација Пеперутка“, за учесници од Западен Балкан во висина од 30.000 евра. Учесниците може да пријават иновации во шест категории, а победниците од секоја категорија ќе добијат награда од по 5.000 евра. Учесниците може да пријават најмногу по две иновации во една од следните категории: Индустриски иновации, Зелени иновации, Иновации во науката, технологијата, инженерството и математиката, Иновации на млади, Универзитетски иновации или Иновации од жени. Конкурсот трае од 1 април до 13 мај. Пријавите може да ги пратат граѓани со постојан престој на Западен Балкан, т.е. од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Пријавите се праќаат електронски преку апликациска форма за „Регионална награда Иновација Пеперутка“ (Regional Butterfly Innovation Award 2022) објавена на веб-страницата на РСС. хс/лв/

Остани поврзан