• петок, 27 декември 2024

Кондовски на средба со Здруженијата за заштита на животните

Кондовски на средба со Здруженијата за заштита на животните
Битола, 4 октомври 2021 (МИА) - Сите отворени прашања во врска со заштитата на животните во Битола ќе се решаваат во соработка со Здруженијата за заштита на животни. Ова денеска го порача кандидатот на СДСМ и коалиционите партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, на средба со битолските здруженија и фондации кои работат во оваа област. - Тие најдобро ги познаваат актуелните состојби и во Битола пренесуваат светски искуства како да се подобрат условите за животните, но и како овие прашања да се решаваат во интерес на граѓаните. На заедничка маса за овие прашања дискутиравме и со ветеринари и претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство. Отворената комуникација е основа за ефикасна соработка со правец на тоа решенијата брзо и конкретно да се спроведуваат во пракса, рече тој. Средбата следеше откако претходно во текот на денот Кондовски промовираше проект за модернизација на битолската золошка. - И во тој проект ќе бидат вклучени сите сугестии на здруженијата за заштита на животните, бидејќи сакаме да обезбедиме подобри услови за животните во битолската золошка градина. Воедно, Битола ќе добие и модерно прифатилиште за кучиња – тоа го предвидува и законот, со што ефикасно ќе се работи на решавање на проблемот со уличните кучиња, рече тој. мт/цр

Остани поврзан