• петок, 27 декември 2024

Кондовски најави дигитален систем за директен контакт со граѓаните во Општина Битола

Кондовски најави дигитален систем за директен контакт со граѓаните во Општина Битола
Битола, 29 септември 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ Христо Кондовски најави воведување дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните. Според Кондовски, новината ќе овозможи директна, редовна и двострана комуникација и услови за брза реакција при решавање на проблемите во општината. - Ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните. Тоа ќе значи постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник како соработник на кабинетот на градоначалникот. Иницијативите од граѓаните ќе бидат прифатени и процесуирани во јасен систем, истакна Кондовски, а општината во рок од 10 дена ќе има обврска да одговори на граѓанските иницијативи. Кандидатот на СДСМ за градоначалник Христо Кондовски во текот на денот ќе оствари посети и средби со целни групи во Битола. мт/цр

Остани поврзан