• сабота, 23 ноември 2024

Конгресмен поднесе тужба против Трамп и Џулијани за нередите на 6 јануари 

Конгресмен поднесе тужба против Трамп и Џулијани за нередите на 6 јануари 

Вашингтон, 16 февруари 2021 (МИА) - Бени Томпсон, конгресмен демократ од Мисисипи, денеска поднесе тужба против поранешниот претседател Доналд Трамп и неговиот адвокат Руди Џулијани, обвинувајќи ги за насилството и нередите во Капитолот на 6 јануари. 

Томпсон го предводи Одборот за внатрешна безбедност при Претставничкиот дом. Тужбата е поднесена во федералниот окружен суд во Вашингтон. 

-Нередите се резултат на внимателно испланиран план од страна на Трамп, Џулијани и екстремистичките групи како „Заштитници на заклетвата“ (Oath Keepers) и „Горди момчиња“ (Proud Boys), кои се раководеа од една цел – стопирање на сертификацијата на резултатите од гласањето на Изборниот колеџ со заплашување, притисок и закани, се вели во изјавата на правниците. 

Тужбата на Томпсон е првата од повеќе очекувани приватни судски тужби од останати конгресмени поради насилниот упад во Конгресот на САД на стотина демонстранти, поддржувачи на тогашниот претседател Трамп, што се случи годинава на 6 јануари.  

Во тужбата, не се наведени конкретни казнени мерки и не е наведена конкретна сума за исплата на отштета. кб/сд/  

Остани поврзан