• вторник, 18 февруари 2025

Конгресмен од Тексас: Тим на Трамп ќе ги почне руско-украинските мировни преговори во Саудиска Арабија

Конгресмен од Тексас: Тим на Трамп ќе ги почне руско-украинските мировни преговори во Саудиска Арабија

Минхен, 15 февруари 2025 (МИА) - Високи претставници од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе почнат мировни преговори со руски и украински преговарачи во Саудиска Арабија, изјавија денеска републиканскиот конгресмен од Тексас Мајк Мекејн и двајца американски претставници запознати со планот.

Како што објави Политико, советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Волц ќе им се придружи на државниот секретар Марко Рубио и Стив Виткоф, претставник на претседателот за Блискиот исток, во Саудиска Арабија во наредните денови за да започнат разговори за завршување на војната.

Американските власти, кои сакаа да останат анонимни, изјавија дека специјалниот пратеник на Трамп за преговорите меѓу Украина и Русија, пензионираниот генерал Кит Келог, нема да биде присутен на разговорите во Саудиска Арабија, како и дека не се планира во преговорите да се приклучат претставници на други големи европски сили. зш/

Остани поврзан