• петок, 05 декември 2025

Конго тврди дека армијата на Руанда и нејзините бунтовнички сојузници убиле десетици и киднапирале илјадници луѓе

Конго тврди дека армијата на Руанда и нејзините бунтовнички сојузници убиле десетици и киднапирале илјадници луѓе

Гома, 15 мај 2025 (МИА) - Властите на Конго ја обвинија руандската армија и бунтовничката група М23 што таа ја поддржува за убиства на стотици луѓе, киднапирање на илјадници луѓе и бројни силувања, тортура и грабежи на истокот од земјата.

-Бројот на жртви вклучува 107 убиени, повеќе од 4.000 мажи и момчиња киднапирани и однесени на непозната дестинација, силувања, тортура, грабежи, ограничувања на слободата на движење, како и рации врз болници, соопшти Министерството за внатрешни работи на Конго.

Наводните злосторства биле извршени помеѓу 10 и 13 мај против цивили кои бунтовниците ги обвинија дека припаѓаат на конгоанската армија и нејзините сојузнички милиции.

Портпаролите на руандската армија и бунтовниците М23 не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Обвинението од страна на конгоанските власти доаѓа неколку дена откако М23 затвори стотици заробени мажи на стадион во Гома. Групата соопшти дека заробениците биле конгоански војници или членови на нејзините сојузнички милиции што Конго ги вооружила за да го поттикнат конфликтот со цел да ја обвинат М23.

Деценискиот конфликт во источен Конго ескалираше во јануари, кога бунтовниците од М23, поддржани од Руанда, го зазедоа стратешки важниот град Гома, а потоа и градот Букаву во февруари. Околу 3.000 луѓе загинаа во борбите, а преовладуваше стравот од поширока регионална војна.

Бунтовниците од М23 се поддржани од околу 4.000 војници од соседна Руанда, кои, според експертите на ОН, ветија дека ќе маршираат до главниот град на Конго, Киншаса. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан